Сопственик на ресторан во Белград забрани пушење: Дали е можно такво нешто и во Македонија?

Сопственикот на ресторанот „Фет бојс“ во Белград реши да забрани пушење во неговите локали, иако има гости кои не се сложуваат со такво нешто. И во Македонија постои идентичен проблем, каде што во некои ресторани се пуши и во затворени простори.

Газдата Лука Нешовиќ вели дека имаат оворена кујна и сака мирисот на храната да се чувствува во ресторанот, а не чадот од цигарите.

Низ македонските градови не се почитуваат забраните за пушење во локалите, па само за пет дена (10 до 14 јануари) беа изречени 54 казни, а слични санкции беа изречени и во текот на минатиот месец од страна на инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Граѓаните на Твитер се жалат дека не сакаат да се пуши во локалите, односно бараат од газдите да преземат нешто за тоа и тие самите да го забранат пушењето, иако со закон е забрането во затворен простор, иако делува дека многумина заборавија на тоа.