Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, без застои, соопшти АМСМ.

Целосно е нормализиран и сообраќајот на магистралниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица на м.в.„Лештаро“ атар на с.Драмче, кој синоќа беше во прекин поради сообраќајна незгода.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.