И по свет ќе патуваат, и ќе се чудат колку нема коли по улиците, а во Скопје - пак иста песна

Преведувачката Јасна Шоптрајанова со своја „опсервација“ зошто во главниот град Скопје не може да се функционира без автомобил. 

- Во сите големи градови можат без коли, можат без воопшто да поседуваат кола. Во многу поголеми од Скопје, каде времето е многу поскапо, каде климата е многу полоша, можат луѓе да одат со точак, со јавен превоз (колку и да е ваков или онаков нашиот, ако улиците се послободни од коли, и јавниот превоз ќе е поефикасен, а и притисокот да се организира ко што треба ќе е посилен и поделотворен), пеш секако. Само во Скопје не може, ни за да се заштеди, ни за да се намали загадувањето, ни заради солидарност со оние кои стварно стварно мораат со кола, а лазат по улициве како и сите други (и пред хаваријата на мостот, а поготово сега), пишува таа во својата објвана на фејсбук. 

-И по свет ќе патуваат, и ќе се чудат колку нема коли по улиците, а во Скопје - пак иста песна. Да се чудиш, колку и да си викаш „више ништо не ме чуди“. Кога живеев на Пиринска, пред да биде Ленинова еднонасочна,, кога го измасакрираа бул. Климент Охридски (ЈНА) стопати викав - да направат и втор спрат улици, да се соочиме со сопствениот апсурд, може ќе ни дојде памет. Сега си мислам дека и ако направат втор кат, ќе се бара и трет, пак за автомобили. Со овој памет - толку, смета таа.