Сообраќајка во скопско, повредени повеќе лица со живеалиште во Англија

На 02.08.2021 околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, пред крстосницата со локалниот пат кој води кон с.Бојане, скопско, патничко возило „бмв“, со англиска национална ознака, управувано од Е.Б.(32) од Англија, излетало од патот.

Во незгодата, сопатниците И.Б.(66) од с.Палиград, скопско, и С.Ч.(27) од с.Рашче, скопско, двајцата со живеалиште во Англија, се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници од Англија, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.