Сообраќајка меѓу возило и тротинет, едно лице е тешко повредено

40-годишник е тешко повреден откако бил удрен од возило додека возел електричен тротинет. 

На 03.10.2023 во 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, патничко возило „даеву матиз“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот гостиварец Г.Ѓ., удрило во електричен тротинет што го управувал 40-годишниот гостиварец У.К..

Во несреќата, У.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, соопштија од МВР. 

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.