Софијанова: Бактеријата Ешерихија коли предизвикала сепса кај новороденчето во Прилеп

Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата од која почина новороденчето од Прилеп на Клиниката за детски болести, потврди за Канал 5 професор доктор Аспазија Софијанова шеф на неонаталната интензивна нега на клиниката.

Софијанова вели дека бактеријата се потврдила во анализите направени од крвта. Професорката не може да каже на кој начин новороденчето ја добило бактеријата. Детето било донесно во тешка состојба со откажување на виталните органи бубрезите и белите дробови. И покрај сите напори детето починало.

Мајката во телефонска изјава за Канал 5 објасни дека првично и кажале дека детето има жолтица и треба да замине на лекување во Скопје.

На терен во прилепската болница денеска се инспектори од ДСЗИ. Министерот вети разрешница за случајот.

За смртта објави мајката на бебето Лиле Петровиќ. Таа на својот Фејсбук прашува како може дете кое имало висока оценка по раѓањето за здравје починало десет дена по породувањето. Бебето беше родено на 27 Октомври на 30ти било итно однесено во клиниката за Детски болести. Бебето почина на 5ти Ноември.