Со “пежо” удрил велосипедист во Центар и избегал

Вчера на улица „Јордан Мијалков“ се случила сообраќајна незгода во која учествувавале патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (38) од Скопје, кој по незгодата го напуштил местото на настанот и велосипед, управуван од П.И.(45) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.