Со низа свечености денес полицијата го празнува својот пaтрон

Со низа свечености денес полицијата го празнува својот патрон. По тој провод ресорниот министер Оливер Спасовски ќе прими претставници на семејствата на загинатите припадници на македонската полиција и ќе биде положено цвеќе на спомениците на паднатите бранители.

Министерот Спасовски вчера на централната свеченост во Штип рече дека преку реформските процеси МВР ја враќа довербата кај граѓаните, а најави и дека од 1 декември годинава 4.900 полицајци ќе добијат покачување на платата.

Претходните денови во >ест на празникот полицијата изведе неколку показни вежби со учество на над 600 припадниците на полицијата во Скопје, Охрид и Штип.