„Секое лошо, за добро е“ - вели доктор Беќаровски за елката на скопскиот плоштад, алудирајќи на загадувањето

- Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот синоќа во Скопје и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

„Секое лошо, за добро е“, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено вчеравечер во главниот град.