Со идентична приказна, измамник оштетил двајца гостиварци

На 13.03.2022 околу 13.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„Панче Поповски“ во Гостивар, го лишиле од слобода С.П.(29) од кичевското село Осој, поради сомнение дека пред тоа во Гостивар измамил двајца гостиварци и од нив зел пари за наводна услуга, доведувајќи ги во заблуда со пласирање на идентична лажна приказна.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.