Снегот ја закочи Стража, колони возила нa неисчистениот пат

Голем застој има на патот кон Стража, пред кривината која води кон Маврово. Десетици возила утрово беа заглавени на овој патен правец. На социјалните мрежи постојано се појавуваат фотографии од сообраќајниот хаос поради временските услови.

Голем дел од нив немаа зимска опрема, па беа принудени да местат ланци поради снежните наноси и големата снежна прекривка. Поради минусните температури, патот беше заледен, па се лизгаше. Возачите беа нервозни поради тоа што беа принудени да чекаат.