Поради обилни врнежи од снег, во 12:20 часот повторно воведена забрана за тешки товарни возила преку Стража

Поради обилни врнежи од снег на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража денеска во 12:20 часот повторно е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од ЈП Македонија пат.

Ова е втора забрана денес откако најпрво беше воведена во 8:30 часот наутро и тргната два часа подоцна.