Скубе останува во Вардар, веста ја објави на инстаграм

Организаторот на играта словенскиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Тој го продолжи договорот со двојниот европски првак и во иднина ќе биде еден од носителите на играта кај „црвено-црните”.

Скубе дојде на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како една од важните алки во играта на Вардар. Стана миленик на публиката и битен дел од играта на тимот. Неговите игри на некои натпревари беа од огромна важност за конечниот исход, и како играч и личност покажа голема професионалност.

„Среќен сум што ќе го носам овој дрес трета година по ред. Ќе се борам за нашата цел се до крајот“, напиша Скубе на својот инстаграм профил. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Staš Skube (@stas.skube) on

„Задоволни сме што Сташ останува со нас и во следните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.