Скопските градоначалници вечерта ја минаа на терен

По синоќешното невреме во Скопје проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер скопјани се соочија со поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки.

Градоначалниците на погодените скопски општини заедно со надлежните екипи веднаш излегоа на терен.

Градоначалникот на Аеродром, заедно со претседателот на советот, советниците и службите на општината беа на терен и во активна комуникација со градските претпријатија работеа на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот, проследен со силен ветер.

Како што информираат од општината вчера се детектираат најпогодените точки во општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето, истата ќе биде посочено до надлежните градски претпријатија за нејзиното санирање во најкраток рок.

И во Кисела Вода на неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со екипите од општината веднаш излегоа на терен и интервенираа за надминување на проблемите.

-Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира, порачаа вчера од општина Кисела Вода.

Во Гази Баба на неколку локации е собрана поголема количина на вода и беше настанат прекин во сообраќајот.

-Заглавено е едно возило под подвозникот кај Бриколаж и се работи интензивно на извлекување на возилото. Граѓаните да бидат спокојни. Јас и целиот кризен штаб од општината остануваме на терен до целосно расчистување на последиците од невремето, порача градоначалникот Стефковски.