Скопски маркет: Госпоѓо некој ја украл или по грешка ја земал вашата кеса

Пред некој ден пазарев во еден скопски маркет неколку намирниц за дома јајца, зејтин, пилешки стек, кафе... продолжив во друг маркет да докупам уште неколку ситници, кесата со производите кои веќе ми беа купени ја оставив на рафтот наменет за роба од надвор.

Откако платив на каса тргнав накај закачалките и заблежав дека кесата ми ја нема.

Им се обратив на вработените, раскажувајќи им ја ситуацијата, кутрите кренаа раменици и ми кажаа дека не се задолжени да надгледуваат и да внимаваат на производите донесени од надвор.

Госпоѓо сатнува збор за кражба или некој по грешка ја земал вашата кеса.

По маркетиве со големи букви има натписи дека украдената стока од кај нив двојно се наплаќа, а рафтовите за да си ги оставиш работите од надвор, нити се заклучуваат, нити некој ги надгледуваат.Слободно може било кој да дојде и да си земе кеса.

Заминав, мислејќи како некој се посреќил со моите производи, си реков комотно може да си зготви ручек...

Наредниот ден отидов до истиот маркет да купам цигари случајно погледнав кон закачалките и си ја видов кесата.

Се насмевна, ја земав и ги известив вработените кои воопшто не знаеа дека некој дошол и вратил кеса која очигледно погрешка ја земал.Културно им се заблагодрив и во тој момент си помислив дека сепак се уште има добри луѓе кои се совесни и свесни за грешките кои ги прават.