Што се случува кога маркетите готват наместо домаќинките?

Со што е виткана сармата, со што се полнети пиперките, дали селското месо е со свинско, телешко или пилешко, дали во неа има печурки и какви, кога е подготвен пинџурот или исечкана салатата, кога е испечено месото… 

Се поголем е бројот на граѓани кои купуваат готвена храна од маркетите и од специјализираните продавници, но барем досега, никој од нив не ги добил точните одговори на овие прашања, пишува организацијата на потршувачите во Македонија. 

Во Македонија има прецизна регулатива за тоа што треба да содржи и како да се подготвува храната за продажба, но и обврска на пакувањето да се назначат тие податоци. Речиси во ниту еден маркет или специјализирана продавница во државата на етикетата што се лепи на кутијата со јадењето нема информации за составот на јадењето, ниту за датумот кога е подготвено, а уште помалку за тоа дали содржи одредени алергени. На лепенката освен називот на јадењето, грамажата и цената нема ниту еден друг податок.

За среќа, барем досега немало посериозни и помасовни труења од домашната храна што ја подготвуваат маркетите и специјализираните продавници. Но, поплаки од лица кои ја купиле има. Според одговорните во Организацијата на потрошувачи на Македонија, тие главно се однесуваат токму на недостаток на информаици во врска со составот и датумот на подготовка.

Потрошуцвачите многу често се жалат дека храната им била продадена како тазе зготвена, а всушност била тазе подгреана.
Агенцијата за храна и ветеринарство постојано ги потсетува граѓаните дека храната во трговската мрежа, веројатно вклучувајќи ја и готвената, е безбедна. Но, нема институција која ќе гарантира за квалитетот.