Скопје ретро: Сеќавања на старите скопски кина

Повозрасните скопјани се сеќаваат дека некогаш кината во главниот град биле преполни и токму на овие места младите имале прекрасни дружби. Иако можеби филмовите пред 50-тина години не биле во боја, ниту оваа индустрија била на ниво на кое е сега, сепак кината и кино салите биле и тоа како посетувани.

- Кино Култура, Напредок, Карпош, Парк, Братсво, Кино Бамби,... Скопје ги имаше најубавите кина, се сеќаваат нашите сограѓани на убавите времиња и дружбите од едно поинакво време.