Скопје Ретро: Отворена првата детска градинка во Горно Лисиче

Пред три години свечено беше пуштена во употреба првата детска градинка во Горно Лисиче „Лавче“, како заеднички проект на Општина Аеродром и на Министерството за труд и социјална политика.

Новата градинка во Горно Лисиче има капацитет за 100 дечиња од Горно Лисиче и е изградена на местото на некогашната стара спортска сала во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“.

Објектот на градинката ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип институции и овозможува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст. Во него се сместени две големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли и административен простор. Објектот е енергетски ефикасен, а материјалите со кои е изградена се еколошки прифатливи.

Во текот на 2016 година започна да се гради нов објект на градинката „Срничка“ со капацитет за прифаќање 200 дечиња. Во 2017 година, пак, во рамки на градинката „Буба Мара“ ќе се изгради уште еден нов објект со капацитет за, исто така, 200 деца.