Се сеќавате дека овде имаше една стара улица која исто се викаше „Босна и Херцеговина" и која 50-тина години не беше реконструирана. Сега, сведочиме на најмодерно сообраќајно решение, со целосна инфраструктура, шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно зеленило и странично зеленило.
Булеварот се протега од улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула. Тој ги поврзува граѓаните на општините Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и Железара со преостанатиот дел од градот и заедно со булеварот Христијан Тодоровски Карпош претставува брз излез на обиколницата.
Градот Скопје и тоа како вложува во нова и современа инфраструктура, а во тек се градежните работи на булеварот Никола Карев.