Скопје доби уште еден центар за отпад

Скопје уште на пролет го доби својот втор центар за отпад, односно рециклажен двор. Од ЈП „Комунална Хигиена“, велат дека центарот функционира веќе три месеци, но неговата официјална промоција сеуште не е одржана. 

Центарот се простира на површина од 2 000 метри квадратни, опремен е со вага за мерење на отпадот, од каде преку ленти истиот ќе се селектира и транспортира во посебни оддели. Селекцијата ќе се врши наа, ПЕТ-амбалажа, лименки, пластика, стакло, хартија и тн. за потоа да се балира со помош на преса. Така пресуваниот отпад потоа ќе се продава. 

Центарот ќе биде од голема корист за градот, по светски стандарди ќе се третира отпадот, а низ градот ќе бидат одредени посебни локации за одложување на електронски и кабаст отпад. Како што е познато, ваков ист центар функционира во Карпош уште од 2008-ма.