Посвојувањето дете за Кристина Кузманова значело исполнување на животниот сон - да стане родител. Во 2013, на само еден потпис пред и официјално да биде мајка на 5 годишното дете, сонот се претворил во кошмар поради корумпираниот систем – раскажува Кузманова.

Таа за ТВ 24 тврди дека и биле побарани 2000 евра, сума која прифатила да ја плати откако ќе заврши адаптивниот период. Кога дошло времето за плаќање, сфатила дека шалтерот на кој била упатена, всушност и не постои, а парите требало да ги даде на рака.

„Ми побара пари, 2000 евра и знаев за пари. Јас и реков да ми даде црно на бело и ќе платам.“ - вели Ленче Коцевска.

Парите не ги искеширала и тврди дека од тој момент станала предмет на институционален прогон.