Скопјанка апелира: „Не им давајте пари на жените со бебе во раце, посебно на таа кај Бит-пазар“ (фото)

Скопјанка на „Фејсбук“ предупредува да не се даваат пари на питачите со бебе во рацете, бидејќи позади тоа стои многу пострашна приказна. Мерсиха посебно ја посочува и жената која редовно проси кај Бит-пазар.

„Женава на слика постојано е на раскрсницата на Бит-пазар со дете во раце кое секогаш е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава за да го успие, дури питачи 5 часа, станува агресивна и сака да нападне. Апел да не им давате пари на жените со бебиња, посебно кога бебето е очигледно успиено со којзнае какви средства. И прашање што да се превземе? За референца причитајте ја статијата Зошто децата на питачите спијат? Пред неа ни јас не бев свесна за ваквите случаеви“, пишува Мерсиха.

Таа додава и дека за случајот пријавила во полиција, но оттаму и кажале дека оваа работа не е во нивна надлежност.