Скопјанка вчера била касната од куче додека се движела на улица.
Според полицијата, се работи за 33-годишната О.Д. која пријавила дека истиот ден околу 9 часот на мостот „Гоце Делчев“ била касната од куче скитник за левата нога.
На О.Д. и била укажана лекарска помош на Инфективна клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.