Скопјани прашуваат: Зошто паркингот на Водно да поскапува во загадените денови?

Скопјани лошо ја прифатија веста дека ќе се зголемува цената на паркингот во услови на високо загадување. 

Оваа одлука ја донесе Советот на Град Скопје, каде што цената од 35 и 45 денари ќе се зголеми на 70 односно 90 денари. 

Она што повеќе ги вознемири скопјани, е одлуката и паркингот на Водно да добие повосока цена, кога има услови на високо загадување. 

Паркингот наместо 100 денари по час како што беше досега, ќе чини 200 денари кога два дена по ред штетните честички во воздухот ќе бидат над 200 микрограми на кубен метар, иако местото е свртилиште за скопјани кои таму бараат инстантен спас од аерозагадувањето.

Скопјани на социјалните мрежи го искажуваат својот револт кон оваа одлука. 

-Не ми е јасно зошто паркингот на Водно да поскапи. Па сите ние сакаме кога е многу загадено во градот да се упатиме таму и барем на кратко да дишиме чист воздух. И така таму цената на истиот е доста висока, не разбирам зошто има потреба да се зголемува, вели Никола од Аеродром. 

-Загадувањето секој ден е се поголемо, и ајде да кажеме дека е во ред да се зголеми цената на паркинг просторот во градското подрачје, како дел од мерките за решавање на проблемот, но зошто и на Водно? Па ние таму бараме спас за дишењето, додава Стефан од Ново Лисиче.