Скопјани физички се пресметувале со полицијата, завршиле во притвор

Синоќа околу 21,20 часот во центарот на Скопје, две лица физички се нападнале полициски службеници. 

Според информацијата на полицијата настанот се случил вчера околу 21,20 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија кога едно непознато лице физички нападнало полициски службеник. Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник.

Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.