Скопјанец загина во сообраќајка кај Дебар

Скопјанец излетал од пат и смртно настрадал во текот на вчерашниот ден. 

На 18.08.2022 во 15.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во месноста „Жировничко анче“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Ј.(67) од Скопје излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место.

Смрт констатирал лекар од Здравствен дом Ростуше. Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на несреќата, соопшти полицијата.