Скопјанец ограбил седум аптеки во Битола

Во период од четири месеци Д.Ј. од Скопје обрабил седум аптеки во Битола.

МВР соопшти дека пријавениот со закана со пиштол извршил разбојништва, при што ги одземал парите од дневниот промет, како и шишиња метадон.

Со сторените дела пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 126.100 денари.