Скејт акробации низ Градскиот парк (ГАЛЕРИЈА)

Скејтерството во Скопје е традиција која потекнува од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години и значи слобода на урбаниот израз.

Едно од омилените места на скејтерџиите беше поранешното седиште на централниот комитет на Комунистичката партија, а денес на Владата, па кејот на Вардар.

Во моментов скопските зависници од адреналин имаат можност своите акробации и тренинзи да ги изведуваат во скејт-парк на кејот на Вардар и низ Градскиот парк.