Дали сте преоптоварени со минатото или загрижени за иднината? Сакате ли да научите како да се ослободите од сето тоа и да бидете среќни и безгрижни? Присутноста во сегашниот момент вклучува и активно делување во животот. Тоа значи дека треба да бидете сосредоточени на она што токму во овој момент се случува. Зошто е тоа важно?

Работите кои се случувале во минатото треба да останат во минатото. Не треба ништо да направите за да го промените тоа. Можете по цел ден да викате „Можев, требав, сакав“, но ништо нема да се промени. Научете што треба да научите од минатите случки, а потоа ослободете се од нив.

Она што ќе биде уште не е дојдено, па зошто тогаш се грижите? Грижите или опседнатоста нема да ги спречат лошите работи. Многу е важно да останете во сегашноста, затоа што тоа е единствениот дел од времето над кој имате контрола.

Како да ја задржите свесноста во сегашниот момент кога вашиот ум сака да остане во минатото или да отиде во иднината? Постојат шест едноставно стратегии за тоа...

Фрлете поглед на децата и бидете како нив

Дали некогаш сте се обиделе да разговарате со детето додека ја игра својата омилена игра и гледате како ништо не може да му го одвлече вниманието? Тоа не мора да значи дека ве игнорира, туку децата едноставно понекогаш толку се сосредоточени на сегашниот момент, што воопшто не забележуваат дека ги викате.

Децата живеат тука и сега. Тие не се опседнати со нешто што се вчера се случило и не се вознемируваат околу тоа што може да се случи утре. Тие се фокусираат на работите кои во моментот им го привлекуваат виманието.

Медитирајте барем на кратко – како знаете и умеете

Целата поента на медитацијата е да бидете присутни цело време. Кога го канализирате вниманието на своето дишење, не можете да мислите на ништо друго. Не можете да мислите на минатото, ниту на иднината. Можете да мислите само на сегашниот миг. Некои луѓе се откажуваат од медитацијата затоа што не можат да го скротат својот ум, но со доволно пракса, можете да се откажете од немирот и да бидете потполно фокусирани.

Живејте како никој да не ве гледа

Дали понекогаш сте се откажале од нешто само затоа што сте се плашеле и ви било страв да не излезе глупави и будалести. Самата помисла дека некој ве осудува може да ве спречи да жиеете во сегашниот момент.

Не се грижете за тоа што мислат другите

А кому е грижа дали некој се сложува или не со вас или можеби мисли дека сте чудни?

Некои од најголемите иноватори на светот не се замарале со општествените етикети и останале верни самите на себе. Погледнете го Ајнштајн.

Ако сакате да танцувате, танцувајте

Ако сакате да пеете, пејте.
Правете го она што ве прави среќни. Не е важно што мислат другите.
Важно е само што мислите вие.

Одморете се од социјални мрежи

Тешко е да останете фокусирани на сегашниот момент кога постојано ви ѕвони телефонот и кога постојано ви стигнуваат нотификации. Понекогаш морате да се исклучите од социјалните мрежи за да учествувате во сопствениот живот.

Само затоа што некој ви праќа нешто, не значи дека морате веднаш да одговорите. Ако секогаш чекате пораки или го прекинувате тоа што го правите, тогаш вие не сте доволно вклучени во својот живот. Не живеете.

Почнете да ја живеете секоја минута како да ви е последна. На некој начин тоа и е последна, затоа што тој миг никогаш нема да се врати. Потрудете се да вреди!