Некои денови ќе живеете во хаос...

Некои денови ќе живеете во хаос. Ќе најдете обесени чорапи на телевизорот, неизмиени чинии од неделата. Едвај ќе станувате од кревет. Деновите ќе ги поминувате криејќи се под јорган, со спуштени ролетни, гледајќи филмови и серии кои ве интересираат. Ќе ви биде жал за вашите билки за кои не можете да се грижите, следниот пат ќе ги игнорирате повиците на вашата мајка уште рано наутро. 

Ќе се мразите себеси што сте така слаби, така исцрпени, дури и кога не правите ништо. Пријателите ќе ви кажат да станете рано и вежбате, а вие тажно ќе се смешкате и ќе климате со глава затоа што не можете да ги натерате да сфатат дека едноставно сте преуморни, претажни и тоа без некоја посебна причина. 

Во своите лоши денови ќе гледате во екранот на лап-топот и ќе ви се гади од она што сте. Ќе прочитате цитати кои ќе ви кажат дека е океј што сте такви. Вашиот ум постојано ќе ви кажува дека не е во ред и дека е тажно да бидете во таква состојба. Во овакви денови направете барем една работа за себеси.

Сакам да изедете некое овошје или да ги вратите чашите во кујна. Сакам да ги отворите завесите и да гледате во сончевата светлина барем 10 минути. Сакам да ја пуштите својата омилена песна и да и пратите порака на мајка ви дека ја сакате. Сакам да бидете продуктивни и правите контролни листи.  

Ако нешто не постигнете за еден ден, се чини дека се чувствувате како да сте губитник, како да губите време. Но, во некои денови едноставно не можете да ги исполните барањата. Не се извинувајте поради тоа. 

Сакам да дишете и да се сетите дека е доволно ако денес направите само една работа, а ги оставите другите работи. 

Сакам да знаете дека е во ред ако не можете да вложите енергија да го исчистите нередот. Во некои денови смеете да ја сочувате својата енергија само за да се спасите.