Сите пијаници лажат...Статус на Дац од пред 4 години се шири низ социјалните мрежи (ФОТО)

Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, со возило вчера околу 19.20 часот во сообраќајна незгода повредил 27- годишна девојка.

Рано утрово на социјалните мрежи се огласи и Дац.

Без да изнесе повеќе детали за квалификациите кои беа објавени во медиумите тој само напиша:

До каде ќе иде злобата…

Коментарите се поделени. Дел од пријателите коментираат и прашуваат дали возење под дејство на алкохол не е злоба, а дел застануваат во одбрана на Дац.

Актерот и директор на МНТ, подоцна го избриша статусот.

Во меѓувреме, низ социјалните мрежи се шири негов статус од пред четири години: