Министерот за култура Роберт Алаѓозоски објави дека Драган Спасов Дац си поднел оставка од функцијата директор на Македонскиот народен театар. Алаѓозоски оставката ја прифатил и истата е констатирана.

Драган Спасов Дац поднесе оставка како в.д. директор на МНТ откако јавноста изврши голем притисок поради тоа што вчера предизвика сообраќајна несреќа во Кисела Вода каде удрил 27 годишна девојка со неговото „бмв“ возило и полесно ја повредил.
Исто така МВР потврди дека актерот возел во алкохолизирана состојба, по што се чека случајот да биде процесиран пред надлежните органи.