Синдикат на образование: По изборите зголемување на платите во образованието

СОНК бара веднаш после изборите да се усогласат платите во согласност со зголемувањето на минималната плата. Според нивните очекувања вработните треба да добијат покачување од 12,15%

„Дополнително, реков ќе продолжат преговорите за склучување на колективни договори за основно и средно образование. Тоа што бевме на прагот за потпишување, меѓутоа од некои неоправдани причини колективните договори не се потпишаа“, изјави Јаким Неделков- претседател на СОНК.

Од СОНК најавуваат дека ќе продолжат и преговорите за утврдување на новите коефициенти на сложеност на работните места.

„Најдоцна до декември 2024-та година треба да се утврдат новите коефициенти на сложеност по работно место, коишто ќе бидат во примена од март 2025-та година со новата методологија за исплата на плати“, додава Неделков.

Неделков најави и сериозни разговори за надминување на проблемите кои ги има во областа на детската заштита и градинките.