Пеколен ден е пред нас: Температурите до 40 степени, УВ-зрачењето ќе биде високо

Подрачјето на Македонија денеска ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со мала локална облачност и многу топло.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 9.

Максималните дневни температури ќе се движат од 30 степени на повисоките места во западните области на земјата, до 40 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 40 степени.