Шупливи, а раззеленети? Социјалните мрежи „вријат“ поради сечењето дрвја во Дебар Маало

Денеска се сечеа дрвја на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, постапка која ги вознемири скопјани, иако градоначалникот на Центар тврди дека стеблата веќе биле исушени и скапани. 

Од друга страна пак, на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од лице-место на настанот, од стебла кои се видливо здрави, целосни и раззеленети, а сепак се исечени. Од општина Центар соопштија дека по реконструкцијата на улицата, одново ќе бидат засадени јасени. 

Сепак, овие објаснувања не им се доволни на граѓаните. Нивните реакции се навистина бурни, а ваквите постапки ги споредуваат со едно друго време, но и сметаат дека дури и да биле исушени и скапани, треба да се најде начин да се заштитат, наместо да се сечат и садат одново.