Шукова: 3,3 милиони евра за нови автобуси на гас за Скопје, Битола, Тетово и Куманово

Mинистерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова објасни дека со 5,5 милиони евра од проектот ќе се набават системи за замена на нееколошкото греење во неколку градови градови, додека со 3,3 милиони ќе се набават нови автобуси на гас.

- Работиме на замена на нееколошките системи за греење. Во моментов почнува проект со средства на ЕУ во вредност од 10 милиони евра кој се фокусира на 4 градови – Скопје, Битола, Тетово и Куманово. Комуницираме директно со јавните објекти и ги проверуваме податоците. Се случува дел од институциите да обезбедуваат алтернативно гориво кое е нееколошко, но тоа не значи дека се загреваат на тоа. Правиме мапирање и тие податоци ќе ги искористиме за понатамошни активности кога ќе работиме за финансирање на проекти за замена на системите за загревање, рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Таа додаде дека кога ќе се заврши мапирањето, кое ќе биде јавно објавено, министерството ќе има јасна слика за тоа кои објекти се уште се греат на мазут или други енергенси кои треба да се заменат.