Што би се случило?

Што би се случило кога медиумите секој ден малку повеќе би зборувале за гладот во светот, отколку со часови за новиот вирус?

Што би се случило кога би давале филмови во кои се гледа колку страдаат луѓето затоа што немаат што да јадат, отколку цело време да даваат реклами за перење мозок? 

Што би се случило кога би престанале да ни промовираат војни, туку би нѐ поттикнувале да се сакаме? 

Што би се случило кога малку помалку би се грижеле за политика, а малку повеќе за тоа какви сме како луѓе?

Што би се случило ако пар минути дневно би посветиле на сочувство и поддршка на други луѓе?

Што би се случило?

Што би се случило кога наместо оговарачки списанија би промовирале книги и би вложувале во знаење?

Што би се случило кога би нѐ учеле како да напредуваме и да се сакаме себеси?

Што би се случило кога би ги учеле децата да не прават разлики помеѓу луѓето? Кога би ги учеле дека не е важно какви патики имаш и каков ранец носиш? Кога на самиот почеток на животот не би им туркале мобилни во раце, туку книги?

Кажете ми, се прашувате ли некогаш што би се случило кога би ги примениле овие работи?