Шокантни податоци за хетеросексуалноста во учебникот за средно образование - Доктор Митов со бурна реакција

На социјалните мрежи низа реакции за содржината која средношколците ќе ја изучуваат по предметот Животни вештини. 

Доктор Александар Митов кој секогаш реагира за воннормалните текови овој пат го прозва Бирото за развој на образование дали ова се вредностите на кои ќе се учат младите луѓе. 

- Прашања од Учебникот за животни вештини за средношколци:

• Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?

• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

• Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци.

Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

• Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи?

Што се случува луѓе - праша револтирано доктор Митов. 

- Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам). Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение. Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението, порача тој во својата фејсбук објава. 

Работните материјали по овој предмет може да ги погледнете на следниов линк