Шест лица се повредени во сообраќајката во Влае - учествувале 4 возила и велосипедист

Шест лица се повредени во сообраќајката што вчера попладне се случи на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Ацо Шопов“ и „Ѓорче Петров“ од страната на пазарот. 

- На 19.10.2023 година во 15,05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од кружен тек од бул. „Партизански Одреди“, ул. „Ѓорче Петров“ и ул. „Ацо Шопов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу 4 (четири) патнички моторни возила (марка: Фиат, Опел, Рено и БМВ) и велосипедист. Во незгодата шест лица се здобиле со телесни повреди констатаирани во Клинички центар „Мајка Тереза“ и Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР за Скопје Инфо. 

Од полицијата додаваат дека бил извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

Скршените возила и целосно уништениот велосипед покрај автомобилите синоќа сведочеа за страшната сообраќајна незгода, а сообраќајот вчера вечер во овој дел од градот се одвиваше отежнато по една коловозна лента.