Семејно насилство во кратовско - Маж ги нападнал неговите мајка и брат

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(33) од кратовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.

- На 02.01.2024 во семејна куќа во селото, пријавениот физички ги нападнал неговата неговата мајка и неговиот брат, соопшти полицијата во дневниот билтен.