Сеќавање на едно поинакво време - која е градбата на фотографијата?

Градежништвото и архитектурата ја доживуваат својата експанзија, а градовите ги менуваат своите ликови. 

фото извор: Фејсбук група „Стари Скопјани“

Меѓу нив и главниот град Скопје, кој во последните години изгледа различно во споредба со минатото. 

Во групата „Стари Скопјани“ на Фејсбук, корисникот Горан Анастасовски споделил стара фотографија од изгледот на Воено медицинскиот центар во Скопје. 

Со фотографијата, Скопјани се потсетила на како што велат „убавите времиња“, потенцирајќи во коментарите за убавиот естетски изглед, како и застапените стандарди.

„Градба која вреди“, „Болница со стручњаци и хигиена и почит кон пациентите“, „Една од поубавите градби во наше Скопје“, се нижат коментарите на Скопјани.