Седуммина починати, над 700 новозаразени со коронавирусот

Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 102.000, откако во изминатото деноноќие беа регистрирани 721 новозаразено лице. 

Како последица на вирусот починаа седум лица - о 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп  (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Притоа, оздравени се вкупно 171 пациент, а новозаразените се од следните градови: 

-Скопје 334
-Прилеп 56
-Кавадарци 52
-Неготино 34
-Велес 26
-Охрид 24
-Битола 23
-Куманово 22
-Тетово 18
-Струмица 16
-Гевгелија 15
-Крива Паланка 14
-Гостивар 13
-Струга 10
-Богданци 9
-Кичево и Делчево – по 8
-Крушево 7
-Штип 6
-Кочани и Ресен - по 5
-Свети Николе 3
-Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2
-Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.