Дел од вработените во државната администрација константно се жалат дека немаат време да испијат кафе на пауза, додека другите отворено говорат дека едвај издржуваат 8 часа на работа од досада.

-Си имам господска работа, дотерај се дојди си и седни си на компјутерот. Во текот на денот имам неколку обврски кои треба да ми бидат завршени до 12 часот, а посел тоа почнувам со планирање на остатокот на времето како одење на ручек со другарите, следење Фејсбук...Сега за сега ми одговра оваа позиција, вели Г.Н од Скопје.

-Работам скоро 15 години во јавна администрација, честопати наоколу слушам „Ма што работите вие таму, кога и да тропна на некоја врата секој пат ве гледам седнати со кафе во рака, за вас важи правилото - Клати врата, земај плата“. Па рака на срце ова правило за мојот сектор и не важи, константно сме под притисок, немаме време да тркнеме до тоалет, камоли на рат да испиеме кафе. Постојано летаат дисциплински, едно чудо тестирање, оценување и казни како преместувања од центарот во Скопје во центрот на службата во Куманово, Крива Паланка, па ај од Скопје оди секој ден до друг град на работа, вели скопјанката И.М вработена во државна администрација.

-Додека едните „дремат“, друг сектор се скапува од работа, се случува на некои места да има тон работа, а да биде задолжен само еден човек. Се штеди на луѓе, одговорноста е голема, а платата мала за тие обврски вели А.Г.