Се затвори македонско радио, откако остана без дозвола

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ја одзеде дозволата за емитување на радиото „Слободна Македонија“.

Одлуката беше донесена едногласно, а по гласањето претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, изрази жалење за вработените, кои како што рече, сигурно веќе подолго време се без работа.

Постапката за одземање на дозволата почна на 4 мај, кога претседателот на Советот рече дека останува законскиот рок од 15 дена откако радиодифузерот ќе ја добие одлуката, да преземе мерки за да ги исполни условите.