Се укинува авионската линија Скопје - Киев

Украинскиот авиопревозник „Виндроуз“ ќе ја укине линијата Скопје-Киев само два месеца откако беше лансирана. Последните летови ќе бидат в четврток и в недела, со уште две ротации во март, по што линијата целосно ќе биде укината, пренесува СДК

„Виндроуз“ е првата компанија која директно ги поврзе Македонија и Украина. Оваа авиокомпанија неодамна воведе повеќе нови линии кон земјите од поранешна Југославија, како Загреб, Подгорица и Белград, кои ќе продолжат да постојат.