Се сечеа дрва кои пречат во Ѓорче Петров

На барање на жителите, а во соработка со ЈП ,,Паркови и зеленило” на повеќе локации во општина Ѓорче Петров, денеска е спроведена акција за сечење на суви дрвја и кастрење на гранки.

Овие дрвја претставуваа потенцијална опасност за минувачите и паркираните возила. Согласно процедурите извршени од Градот Скопје издадено е решение за нивно сечење и кастрење.