Се решаваат проблемите со каналската мрежа во Ново Село и Стопански Двор

Започнуваме со активности за расчистување на постоечката и формирање на нова каналска мрежа во делот на Стопански Двор кон Ново Село за одводнување на површинските води, извести градоначалникот Стојкоски.

На одредени локации ќе биде поставена и дренажа со цел одводнување.

На терен заедно ќе делуваат екипи на А.Д. Водостопанство и општина Ѓорче Петров, а во насока на решавање на овој децениски проблем.

Апелирам до местното население на одговорно однесување кон каналската мрежа, да не се ставаат препреки и да не се одлага отпад, порача градоначалникот..