Најголемата градска депонија во Ново Село прерасна во убава приказна

Во август минатата година почна изградбата на мега-паркот во Ново Село, општина Ѓорче Петров, каде што беше расчистена градската депонија и се создаде место на кое може да уживаат граѓаните на Скопје.

Паркот се простира на зелена површина во должина од 17.534 квадратни метри, а за пешачки патеки предвидени се 13.366 квадратни метри.

-Каква трансформација, најголемата градска депонија во Ново Село прерасна во една убава приказна. Во исчекување сме на урбана опрема, детски игралишта, катче за домашни миленичиња и кафе нека да се напиеме, пишува во новата објава на фејсбук групата „Ѓорче Петров“.