Вертикална и сообраќајна сигнализација се поставува деновиве пред раскрсницата на булеварор 12 та македонска бригада во населабата Лисиче.
Сигнализацијата ја поставува Град Скопје по иницијатива на Општина Аеродром со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Исто така, по иницијатива на Општината во тек е поставување семафор на булеварот „Србија“ во близина на бензинските пумпи.
Општина Аеродром интензивно работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот. За таа цел, во изминатиот период беше поставена вертикална и хоризонтална сигнализација пред основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“.
Безбедносна ограда е поставена и покрај основото училиште „Ѓорѓија Пулевски“ по должината на улицата „Васко Карангелевски“, со што учениците се штитат од директно изложување на улицата.