Поради реконструкција времен сообраќаен режим на „Бутелска“

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека од вчера 06.09.2022г (вторник), поради извршување на градежни активности за реконструкција на коловозот, на дел од ул.Бутелска, на потегот од к-цата со ул. Александар Урдаревски до надпатник со државен пат А2, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времениот сообраќаен режим ќе биде означен со соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се однесува на делумно затворање на улицата Бутелска, во општина Бутел-Скопје.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, велат надлежните.